Утрински Весник
Економија

Две турски компании ќе конкурираат за изградба на системот на природен гас во земјава

Две турски компании ќе конкурираат за изградба на системот на природен гас во земјава

На денешната владина седница е разгледана и усвоена информацијата и извештајот во врска со активностите од првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

Врз основа на извештајот Владата донесе Одлука за избор на кандидатите „Акса Догалгас Дагити А.С.“ од Република Турција и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ исто така од Турција, согласно која до овие компании ќе се достави покана за учество во втората фаза на конкурентен дијалог, односно за учество во тендерската постапка до конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во земјава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бакарот станува глобална стратешка инвестиција – Македонија располага со ресурс, но не го користи

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани

22 километри што треба да ја поврзат Македонија со Европа: Почеток на нова фаза за Коридорот 8