Утрински Весник
Свет

Две сестри загинаа, а третата е тешко повредена од удар на гром во Норвешка

Две сестри загинаа, а третата е тешко повредена од удар на гром во Норвешка

Во Норвешка две сестри загинаа, а третата е сериозно повредена од удар на гром додека оделе по планина, соопштија норвешките власти.

Бенедикт (18) и Викторија (12) биле на популарна дестинација на планината Мелшорн кога се случила несреќата, пишува АП.

Градоначалникот Бернт Брандал го нарече ова „длабоко трагичен настан“ што никој не можеше да го предвиди, бидејќи одеднаш се појавила временската непогода.

Норвешкиот радиодифузер НРК објави дека во таа област се регистрирани над 800 удари од гром во неделата попладне и рано вечерта.

Можете да прочитате

Трамп: Договорот со Иран во голема мера е завршен, наскоро конечните детали

Канадскиот премиер: Русија ќе ја загуби војната

Зеленски: Русија лансираше околу 90 ракети и 600 дронови