Утрински Весник
Македонија

Две недели без новозаразени со Ковид-19 во Гевгелија

Две недели без новозаразени со Ковид-19 во Гевгелија

Гевгелија,17 јуни 2020 (МИА) – На територијата на општина Гевгелија веќе две недели откако заврши скринингот на граничните полицајци од меѓународниот контингент и земјава, нема регистрирани новозаразени пациенти со Ковид-19, потврдија од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје од каде посочија дека новите два случаи кои деновиве биле впишани дека се од Гевгелија, се од општината Богданци, поточно од Богданци и Стојаково.

– Како жители на општина Гевгелија ова може да не радува, но никако не смее и да не опушти, затоа што доколку сите не ги почитуваме трите задолжителни мерки, носење маски, миење и дезинфекција на раце и најважната според мене, за држење социјална дистанца и негрупирање, тогаш многу лесно може да се случи коронавирусот да ни се врати, рече епидемиологот Сашко Олумчев.

Тој апелираше граѓаните на Општина Гевгелија да останат дисциплинирани како досега и да продолжат да ги почитуваат задолжителните мерки за заштита од ширење на коронавирусот. им/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци