Утрински Весник
Македонија

Две дози вакцина во Македонија примиле 23.000 граѓани

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани
Screenshot

Околу 110.000 граѓани во Македонија се вакцинирани против коронавирус, а од нив 23.000 примиле две дози, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Pet Utrinski

Тој посочи дека сите граѓани кои се пријавиле на vakcinacija.mk заклучно со 30 април, до 15 мај ќе добијат термин кога ќе се вакцинираат.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Филипче рече дека сѐ поголем е интересот на граѓаните кои се пријавуваат на vakcinacija.mk, и апелираше дека тоа е најпрактичниот механизам да се стигне до соодветен термин за вакцинација.

„Во однос на процесот на вакцинација, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од нив 23.000 се граѓани коишто се и ревакцинирани. Со оваа динамика од 10.000 вакцинирани на ден, во сите пунктови низ државата продолжува и во текот на оваа недела. Денеска стигнуваат околу 10.000 вакцини на ‘Фајзер’, по 5.000 од нашиот договор и системот на солидарност од ЕУ. Според најавите, донацијата од кинеската армија треба да пристигне на 15 мај и согласно сите тие најави ние го правиме и распоредот за делење на вакцините ширум пунктовите“, изјави министерот.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија