Утрински Весник
Свет

Двајца украински фудбалери загинаа во руската инвазија

Двајца украински фудбалери загинаа во руската инвазија

Двајца украински фудбалери загинаа во руско-украинската војна, објави во вторникот Светската унија на играчите (ФИФПРО).

„Нашите мисли се со семејствата, пријателите и соиграчите на младите украински фудбалери Виталиј Сапило (21) и Дмитро Мартиненко (25), првите фудбалски жртви во оваа војна“, објави ФИФПРО на „Твитер“.

Сапило, поранешен младински играч на клубот „Карпати Лавов“, загина во конфликт во близина на Киев, потврди неговиот клуб на 26 февруари.

Во меѓувреме, играчот од средниот ред на „Гостомел“, Дмитро Мартиненко, наводно бил убиен заедно со неговата мајка во нивниот стан кога зградата била бомбардирана од руската армија.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот