Утрински Весник
Македонија

Двајца мотоциклисти се судрија во Тетово, со тешки повреди пренесени во болница

Двајца мотоциклисти се судрија во Тетово, со тешки повреди пренесени во болница

Два мотоцикли се судрија во Тетово, пришто со тешки повреди се здобија возачите.

Несреќата се случила вчера попладне на регионалниот пат с.Пирок-Тетово во с.Калник, Тетовско, информираа од полицијата.

Во несреќата учествувале моторцикл „хонда“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од Скопје и мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од Џ.Б.(69) од с.Г.Палчиште, тетовско. Двајцата моторциклисти се пренесени во Клиничка болница-Тетово, каде од доктор кај двајцата се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра