Утрински Весник
Македонија

Двајца доктори сопружници од „Систина“ позитивни на КОВИД-19

Двајца доктори сопружници од „Систина“ позитивни на КОВИД-19

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Двајца доктори кои воедно се и брачни сопружници и работат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се позитивни на КОВИД-19. Едниот од нив немал никаков контакт со пациенти, додека другиот имал минимален контакт со пациенти.

– Пред три дена во вторник на 2.6.2020 беа изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, од КБ Аџибадем Систина а кои беа суспектни на вирусот Ковид-19. По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори, информираа денеска од болницата.

Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на нив веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни.

Болницата, како што се наведува во соопштението, продолжува да работи со полн капацитет со преземање на сите максимални мерки за заштита на вработените и пациентите и по сите утврдени безбедносни протоколи кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема и здравствениот гигант ,,Аџибадем’’ од Турција. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија