Утрински Весник
Македонија

Да прекине масовнотo собирање по кафе-баровите, препорачуваат просветните работници од Делчево

Да прекине масовноти собирање по кафе-баровите, препорачуваат просветните работници од Делчево
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

 

Делчево, 14 март 2020 (МИА) – Да престане појавата на масовно одење во кафе-баровите додека се на сила мерките за спречување на појавата од коронавирусот. Испраќајки апел кон гимназијалците, и нивните родители, директорот на Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо”, Љупчо Прачковски рече дека е загрижувачка сликата на полни кафе-барови во време кога има препораки како да се однесуваат сите за спречување на појавата на вирусот.

-Ова што денес може да се забележи во делчевските локали е сосем спротивно од одлуката на Владата, а тоа е масовно полнење на кафе-баровите со ученици. Апел до учениците и особено до нивните родители да ја сфатат сериозноста од опасниот вирус чиј број на заболени во светот, па и кај нас, од ден на ден се зголемува. Не го ризикувајте своето здравје и здравјето на вашите најблиски, затоа што може сите скапо да не чини. Да се придржуваме на мерките, за да не дојде до полошо, истакна Прачкоски.
Воедно додаде дека согласно препораките за заштита од појавата на коронавирусот во гимназијата е извршена вонредна дезинфекција на сите простории и спортската сала, со што по завршувањето на прекинот на наставата, воспитно-образовниот процес би се одвивал во безбедни услови за вработените и учениците.
Мерки за дезинфекција презедоа и останатите воспитно-образовни установи. Дезинфекција е извршена во деветолетката „Св.Климент Охридски” и предучилишната установа „Весели Цветови“, додека за понеделник е предвидена дезинфекција на подрачните училишта како и на просториите на Општина Делчево. вс/дма/

Извор: mia.mk

Screenshot

Можете да прочитате

Уапсениот врховен судија е Наке Георгиев за мито од 10 илјада евра

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Алатката НОТАС предвидува ниво 3 и 4 од највисокото 5 – Засилен до опасен ризик од појава на невреме во Македонија

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со австрискиот амбасадор Мартин Памер