Утрински Весник
Спорт

Македонските боксери ги добија противниците за олимписките квалификации

Македонските боксери ги добија противниците за олимписките квалификации
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Лондон, 14 март 2020 (МИА) – Македонските репрезентативци во бокс ги добија противниците во квалификациите за ЛОИ во Токио,. Прв на рингот во Лондон ќе излезе Јасин Љама кој за противник го доби Александрос Цаникидис од Грција.

Во категоријата на Љама, 63 килограми има вкупно 28 боксери, неговата борба со Цаникидис е на програмата утре.

Screenshot

Гоце Јанески во категоријата до 75 килограми за противник го доби Етерна Квадрадо од Шпанија. Јанески на рингот излегува задутре (16 март). Во категоријата на Јанески има пријавено вкупно 34 боксери.

Квалификацискиот турнир во Лондон е прв од двата предвидени за обезбедување Олимписка норма за игрите во Токио 2020 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата

Минесота го победи Денвер и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот

Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига