Данска доминираше од почеток до крај, за 34:24 победа над Шпанија и заддржување на шансите за пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет, влегувајќи во еднаква битка со Франција и Русија за две места кои водат во борбата за медали.
Франција и Русија имаат по седум поени, а Данска шест пред последното коло во вторник, кога Французинките играат со Шведска, а Данките имаат директна пресметка со Русија.
Миа Реј Бидструп беше најдобар стрелец за Данска со шест гола, а Трине Јенсен постигна пет, додека за актуелните светски вице-шампионки, Шпанија, Алисија Фернандез беше најдобра со само четири гола.
ЕП РАКОМЕТ, ВТОРА ФАЗА, ГРУПА 1
Црна Гора – Шведска 31:25 (16:10)
Данска – Шпанија 34:24 (17:10)
Табела: 1.Русија 7, 2.Франција 7, 3.Данска 6, 4.Црна Гора 2, 5.Шпанија 1, 6.Шведска 0
WATCH: Just a few of Sandra Toft’s saves tonight for @dhf_haandbold ?? – what a performance! ?#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/uFx1esM3Ri
— EHF EURO (@EHFEURO) December 13, 2020
WATCH: Head over heels and Rikke Iversen STILL gets the ball away! ?@dhf_haandbold ??#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/8hnDq27mrb
— EHF EURO (@EHFEURO) December 13, 2020
WATCH: Should @AinhoaHperchis trademark this move?@RFEBalonmano ??#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/DBzQ2XZWtM
— EHF EURO (@EHFEURO) December 13, 2020
> Данска ја „уништи“ Шпанија, против Русија за полуфинале <