Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Гутереш повика на четиридневен Велигденски прекин на огнот во Украина

Гутереш повика на четиридневен Велигденски прекин на огнот во Украина
Img 7972

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.

Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „областа на сегашна или очекувана конфронтација“ и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон.

Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.

– Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и натамошен дијалог за да се стави крај на страдањата во Украина – рече Гутереш.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари