Утрински Весник
Свет

Претставник на Пентагон: Очекуваме поголема руска офанзива во Украина

Претставник на Пентагон: Очекуваме поголема руска офанзива во Украина

Соединетите Држави ја гледаат тековната руска активност во источна Украина како увертира за многу поголема офанзива, изјави денеска висок претставник на Пентагон.

Зборувајќи под услов да остане анонимен, американскиот функционер истакна дека Русија продолжува да ги зголемува своите воени капацитети за да се подготви за нова офанзива.

Според анонимен извор на Ројтерс од Пентагон, Русија воведе уште две тактички групи (БТГ) во борбените операции во последните 24 часа, со што вкупниот број на активни руски тактички групи во Украина се искачи на 78.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока