Утрински Весник
Економија

„Гугл“ ќе исплати 3,8 милиони долари отштета за дискриминација на жените од Азија

„Гугл“ ќе исплати 3,8 милиони долари отштета за дискриминација на жените од Азија
Img 5587

Министерството за труд на САД соопшти дека „Гугл“ се согласил да плати 3,8 милиони долари отштета по обвинувањата за дискриминација на жените од Азија.

Најголем дел од износот ќе им се исплати како обештетување за 2.565 жени вработени во „Гугл“ како инженери, како и на 3.000 кандидатки или кандидати од азиско потекло кои не биле избрани на тие позиции, соопшти синоќа Министерството за труд.

„Гугл“ соопшти дека дискриминацијата е забележана за време на рутинската внатрешна анализа и дека компанијата се согласила да ја плати таа сума со цел да ја поправи ситуацијата, истовремено негирајќи дека го прекршила законот.

„Сметаме дека секој треба да биде платен според работата што ја работи, а не според тоа кој е, и ние вложуваме големи суми за да го направиме процесот на вработување и обештетување фер“, изјави портпаролот на „Гугл“ за агенцијата Франс Прес.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром