Утрински Весник
Спорт

Грција ја суспендираше работата на навивачките клубови

Грција ја суспендираше работата на навивачките клубови

Грчките власти, во понеделникот, ја суспендираа работата на навивачките клубови, кои се поврзани со фудбалските клубови. Ова е уште една од мерките во борбата на државата против хулиганите и е реакција на државата на убиството на 19-годишниот навивач на Арис. На 1.февруари во Солун, навивачи на ПАОК, го убија навивчот на Арис, Алкис Камбанос. Забраната ќе важи до крајот на јули.

Грчките власти, до вчера, извршиле рации во 575 навивачи клубови на територијата на целата држава, информирал заштитникот на граѓаните, Такис Таодорикакос, на прес конференција.

Трајна забрана за работа добиле 67 клубови. Во рациите биле уапсени 17 лица.

> Грција ја суспендираше работата на навивачките клубови <

Можете да прочитате

Анчелоти: Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути против Шкотска

Мининални победи на Хрватска и Колумбија

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја