Утрински Весник
Свет

Грција во мај ги отвора границите за туристите

Грциja воведe нови мерки: бројот на луѓе што можат да ја преминат границата ограничен на 750

Блокадата во Грција полека ќе се укинува во фази од крајот на месецот, а туристите ќе можат да одат на одмор во Грција веќе во мај.

Според грчката телевизија „Стар“, Грците почнуваат да ги попуштаат строгите антиепидемиолошки мерки, и покрај наглото зголемување на бројот на заразени. Сепак, грчките експерти најавија дека очекуваат бројот на заразени да се намали во текот на следната недела и дека не очекуваат толку многу тешки случаи во болниците.

Првото попуштање на мерките започнува на 22 март, а потоа постепено се планира отворање. Сè до мај, за кога е најавено дека странските државјани ќе можат да влезат во Грција.

Странските државјани  ќе влезат во Грција со потврда за вакцинација или негативен тест за Ковид-19. Сепак, оваа прва објава не дефинира кои вакцини се сметаат за одобрени, но во моментов се претпоставува дека сите вакцини ќе бидат прифатливи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината