Утрински Весник
Македонија

Груби: Независност значи еднаквост

Груби како прв вицепремер ќе го заменува Заев во случај на негово отсуство
Dik 300x250 mk

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, по повод одбележувањето на 8 Септември, на сите граѓани им го честита Денот на независност.

Груби во својот говор кажа дека за време на 29-годишното патешествие на градењето држава и државната консолидација, заедно научивме дека да се сака и одржува мирот, слободата, независноста, стабилноста, економскиот и социјалниот развој значи да сакаме, чуваме и одржуваме совршено еднакво општество на граѓани.

Груби подвлече дека целосната еднаквост меѓу заедниците во правата, можностите, одговорностите и обврските е основата врз која ќе ја градиме и опстоиме нашата европска иднина, бидејќи целосната еднаквост е духот на слободата и независноста.

„Честит 8 Септември, Денот на независноста. Добро здравје и ве молам, бидете внимателни, носете маска, држете физичко растојание и максимална хигиена“, порача Груби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Некој ѝ пукал во глава со водушна пушка додека работела на нива – битолчанка итно пренесена во болница

12 годишен битолчанец ограбил автобус со ученици кој биле на екскурзија

При претрес во Охридско пронајдени пиштоли, пушки и муниција