Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Калифорнија беснеат големи шумски пожари, граѓаните се евакуираат

(Видео) Во Калифорнија беснеат големи шумски пожари, граѓаните се евакуираат

Невидени пожари уништија повеќе од 8.000 км2 во Калифорнија, што е подрачје речиси 80 ​​пати поголемо од Париз, принудувајќи многу жители да побегнат, соопштија пожарникарите во понеделникот.

„Ова е првпат во последните 33 години да надминеме два милиони хектари, односно 8.000 км2“, рече Лин Толмахоф, портпаролка на противпожарната служба.

„Тоа е очигледно рекорд, а сè уште сме далеку од крајот на сезоната на пожари“, вели таа.

Околу 14.000 пожарникари деновиве се борат со шумските пожари во Калифорнија.

Низ Јужна Калифорнија, на луѓето им беше наредено да се евакуираат и да се засолнат.

Во северна Калифорнија, повеќе од 200 лица беа евакуирани со воени хеликоптери за да го избегнат брзото ширење на пожарот.

Повеќе од 3.300 објекти се уништени, а осум лица загинаа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претседателката на Грузија стави вето на законот за странски агенти

Демонстрации во Израел за итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон

Саливан во Саудиска Арабија, со престолонаследникот Бин Салман разговараа за војната во Газа