Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Додека Мицкоски го водеше ЕСМ државата стана зависна од увоз на скапа струја

СДСМ: Додека Мицкоски го водеше ЕСМ државата стана зависна од увоз на скапа струја
300x250 (7)

Мицкоски е најнеспособниот директор на ЕСМ – неговите неодговорни политики ја направија државата зависна од увоз на струја и ги зголемија трошоците на граѓаните, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение, по најавата за утрешниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради зголемувањето на цената на струјата.

„Во периодот дека директоруваше во ЕСМ и додека му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на елетричната енергија порасна за 100 отсто, а беше укината и дневната евтина тарифа на струјата. Додека Мицкоски го водеше ЕСМ државата стана зависна од увоз на скапа елетрична енергија. Наместо на граѓаните,тој мислеше само на своите бизниси со хидроцентралите кои ги доби од истата влада во која беше советник“, велат од СДСМ.

Ss1

Социјалдемократите додаваат дека за разлика од таквиот неодговорен однос, денес државата води исправни енергетски политики со реформи признаени и од Енергетската заедница. Денес, како што велат од Социјалдемократскиот сојуз, ЕСМ не купува електрична енергија, туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

„Граѓаните денес користат дневна евтина тарифа на струјата истата онаа што Мицкоски ја укина и на чие повторно воведување, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше. Денес, пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата и преку моделот на универзален снабдувач се штитат граѓаните од пазарен ценовен шок. Цената по која ЕСМ ги снабдува домаќинствата на регулираниот пазар е поевтина за 55 отсто од цената на слободниот пазар. Концептот што е имплементиран во Законот за енергетика обезбедува заштита домаќинствата од повисоките цени на слободниот пазар и воведувањето на Универзалниот снабдувач беа одобрени од Енергетската заедница“, додава СДСМ.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт