Утрински Весник
Свет

Гром усмрти тренер среде фудбалски натпревар во Бугарија, повреден и еден играч

Гром усмрти тренер среде фудбалски натпревар во Бугарија, повреден и еден играч

Несреќа се случи за време на фудбалски натпревар во бугарското село Лесичово, кога гром удри и го усмрти фудбалскиот тренер Иван Ранчев (41).

Како што пренесуваат бугарските медиуми Итната помош можела само да констатира смрт.

Тоа се случило вчера попладне за време на контролниот натпревар помеѓу екипите од Лесичово и Ботево, кога прво почнало да врне силен дожд, а потоа удрил и гром, пренесува порталот „Новините“.

Молња удрила и во еден играч, но тој преживеал.

Можете да прочитате

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци