Утрински Весник
Економија

ГРОМ бара владата да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури

Намаленото производство на жито и житни култури сериозно ќе влијае на производството на храна во целиот свет. Дополнително се усложнува ситуацијата со неможноста Украина да извезува со бродски транспорт како и санкцииите према Русија како два најголеми светски производители на овие култури. Тоа значи дека треба да се подготвиме за тешка зима и затоа стоковите резерви за жито треба да бидат полни но во исто време владата треба веднаш да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури и уште од сега да ги обезбеди дополнителните количини на брашно и други продукти затоа што се очекува сите земји во регионот да забранат извоз на жито и брашно, реагираат од Граѓанската опција за Македонија.

Производителите не смеат да бидат оштетени и нивната цена да биде депресиранавелат од оваа партија, напротив нагласуваат дека ГРОМ предлага откупната цена на житото да се формира според светските берзански цени.

„На таков начин ќе ги заштитимие производителите но во исто време ќе бидеме сигурни граѓаните, сточниот и животинскиот фонд на Македонија ќе бидат обезбедни за оваа и наредната година. Повикуваме владата да постапува одговорно и сериозно да одговори на опасноста која ни демне“, се потенцира во реакцијата од ГРОМ.

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат