Утрински Весник
Свет

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Преминот „Меџитлија“ од полноќ ќе биде затворен за сообраќај
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грција ја продолжи забраната за патување за државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА.

Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври.

Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите државјани на трети земји од кое било место на влез и на кој било начин, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски, од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од понатамошно ширење на Ковид-19 на грчка територија.

Одлуката не се однесува на граѓаните на земјите членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и на граѓаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Одлуката се применува во периодот од 1  до 12 октомври 2020 година.

Министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи ја усвоија одлуката, објавена во Службен весник на Грција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула