Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Реализирани сите проекти ветени за првите 82 дена во Скопје

Град Скопје: Реализирани сите проекти ветени за првите 82 дена во Скопје

Од Град Скопје велат дека новото раководство на градот ги реализирало сите ветувања кои градоначалничката Данела Арсовска ги ветила пред граѓаните во нејзината предизборна кампања, за првите 82 дена од нејзиниот градоначалнички мандат.

„ Она што не можеа со години да го реализираат поранешниот градоначалник и најблиските соработници, Арсовска со својот тим го направи во првите 82 дена од мандатот. Скопјани се главен приоритет и решавањето на проблемите на граѓаните е императивот кој новата градска администрација го постави пред себе.

СДСМ не може да се помири со поразот кој го доживеа, а уште поголем притисок им создава фактот дека ќе се врши ревизија на сите сомнителни тендерски постапки и договори кои што биле склучени во време на Петре Шилегов“ велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека наместо манипулации и лаги, СДСМ треба да се соочи со вистината дека, како што велат, се директно одговорни за неуспесите кои четири години наназад се нижеле во Град Скопје, додека ги трошеле парите на граѓаните за прослави и ручеци по кафеани.

„ Скопјани јасно знаат кој ги злоупотребувал нивните пари со години и кој придонел за стагнација на градот, а саботажите, нападите и агресијата на СДСМ се должат на тоа што за два месеци гледаат работа која ќе ја потенцира нивната неспособност од изминатите 4 години“ порачаа од Град Скопје.

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за случајот ,,Државна лотарија”

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници