Утрински Весник
Македонија

Гир: ЕУ-регулативата за заштита на лични податоци забранува споделување на расна, етничка, верска припадност во лични карти

Гир: ЕУ-регулативата за заштита на лични податоци забранува споделување на расна, етничка, верска припадност во лични карти

Општата регулатива на ЕУ за заштита на лични податоци го забранува споделувањето на лични податоци како расна, етничка, политичка и верска припадност, одговори евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање, дали Законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива.

„Во Европската Унија, личните карти во моментов сè уште се регулирани од страна на земјите членки.Но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021,“ одговори Гир.

Според него, усогласувањето на законодавството на државата со правилата и стандардите на ЕУ е важен процес.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Абази пред заминување го заокружи своето работење за СДС и ДУИ и го спаси Филипче

СДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што шест недели не објавуваат документот за водата во Гостивар

Денеска топло време и високи температури но и услови за локално невреме