Утрински Весник
Автомобили

Гили ќе вложи 326 милиони долари во сателити за самоуправувачки автомобили

Гили ќе вложи 326 милиони долари во сателити за самоуправувачки автомобили
300x250 (7)

Пекинг, 3 март 2020 (МИА) – Кинеската приватна компанија Гили вложува 326 милиони долари за изградба на мрежа на сателити што ќе бидат одговорни за самоуправувачки автомобили.

Гили се занимава со патен, камионски, железнички превоз, со патнички дронови, а сега го најави и својот мрежен „паметен тридимензионален мобилен екосистем”. Компанијата ќе го гради инженерско-тестниот систем во областа Жиејанг. Постројката ќе може да произведува различни модели на сателити од кои некои и нема да бидат наменети за Гили.

Ss1

Лансирањето на сателитите може да почне и до крајот на годинава, но сè уште не се знае колку ќе бидат вкупно на број. Тие се наменети за т.н. ниска орбита и ќе можат да поддржуваат брз пренос на податоци, прецизна навигација и клауд-услуги.

„Таа прецизност не е важна само за автомобилите, туку ќе биде клучна и за беспилотните летала”, соопшти Гили.

Познавачите коментираат дека се има своја мрежа сателити може да биде огромна предност во однос на конкуренцијата. си/сд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Форд повлекува речиси два милиони возила поради ризик од проблематични делови

Jana

„Киа“ објави рекордна продажба од над три милиони возила дома и ширум светот за 2023 година

Jana

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin