Утрински Весник
Свет

Гибралтар ги вакцинира против коронавирус сите возрасни

Гибралтар ги вакцинира против коронавирус сите возрасни

Малата британска територија Гибралтар е прва во светот што ги вакцинира против коронавирус сите возрасни лица кои покажале интерес за вакцинација.

Ова го потврди британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, објави „Вашингтон пост“.

На Гибралтар живеат околу 30.000 луѓе, а земјата имаше две клучни предности во трката за вакцини: големината и постојаниот проток на дозите на вакцините увезени од Велика Британија.

Благодарение на програмата за вакцинација на Гибралтар, многу аспекти од секојдневниот живот се вратија во нормала.

Иако Ханкок го опиша Гибралтар како „прва земја во светот што заврши со вакцинирање“, тоа всушност не е сосема точно затоа што уште помалиот Ватикан ја носи таа титула, објави „Јутарњи лист“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина