Утрински Весник
Спорт

Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира

Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира

Американската УФЦ ѕвезда Џастин Гетџи вели дека неговата мајка ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мега-меч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254, бидејќи тој ќе заработи доволно за да ја осигура иднината.

Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на „Островот на борбите“ во Абу Даби. Неговата мајка, Каролина, која е по потекло Мексиканка, работи во пошта.

„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис класа. Мојот татко Џон се пензионираше пред неколку години, откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигура таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.

Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.

„Живеевма на два часа од било кој град. Кога одевме да купуваме алишта за во училиште беше како празник за нас, бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа, и нема подобро чувство од да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.

> Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами