Утрински Весник
Свет

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколку пати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздух, според истражувањето на германските научници.

Двајца професори на Технолошкиот универзитет Мителхесен (ТХМ) во Гисен го анализирале влијанието на прочистувачите и проветрувањето врз аеросолите, кои претходно биле распоредени низ училницата со помош на вентилатор.

„Основниот заклучок е дека отворањето на сите прозорци три минути на надворешна температура од седум до 11 Целзиусови степени ја намалува концентрацијата на аеросоли за дури 99,8 проценти“, се вели во соопштението на ТХМ.

Со употреба на четири преносни прочистувачи на воздухот, по 30 минути во просторијата е измерена 90 проценти помала концентрација на аеросоли. Научниците исто така укажуваат и на бучавата при користењето на такви уреди, како и на високите трошоци за набавка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот

Иран нуди 30.000 долари за секој заробен или убиен американски војник