Утрински Весник
Свет

Германски министер: Сите три вакцини одобрени во ЕУ се ефикасни

Германски министер: Сите три вакцини одобрени во ЕУ се ефикасни

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денес изјави дека сегашните докази сугерираат дека сите три вакцини против Ковид-19, одобрени од ЕУ, обезбедуваат ефикасна заштита од сериозните последици од инфекциите.

„Според она што сега го знаеме, сите три вакцини ефикасно го спречуваат тешкиот тек на болеста Ковид-19“, рече Шпан на прес-конференција, објави „Ројтерс“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Фајзер-Бионтек“, на „Модерна“, како и вакцината на „Астразенека“ во соработка со Универзитетот „Оксфорд“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“

Украинците погодија руска рафинерија – 24info.mk

Зеленски најави напади врз руските рафинерии. „Нема веќе ограничувања“