Утрински Весник
Свет

Германски интелектуалци му напишаа на Шолц – „Престанете да го вооружувате Киев“

Германски интелектуалци му напишаа на Шолц – „Престанете да го вооружувате Киев“

Отворено писмо до германскиот канцелар напишале 20-ина научници, политичари и културни дејци од земјата, меѓу кои е и поранешната потпретседателка на Бундестагот, Антје Волмер, пишува Раша тудеј.

-Со снабдувањето со оружје, Германија и другите земји од НАТО де факто станаа страни во конфликтот. Така, Украина стана бојно поле за конфликтот меѓу НАТО и Русија околу безбедносниот поредок во Европа.

Авторите изјавија дека и покрај „извештаите за успехот на украинската армија“, таа е „многу инфериорна во однос на руската“.

Потписниците на писмото до Шолц сметаат дека Киев мора да биде убеден да престане да дава отпор.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа