Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната власт на СДСМ,Македонија ја направи презадолжена земја

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната власт на СДСМ,Македонија ја направи презадолжена земја

СДСМ и Ковачевски ја продолжија црната слика за македонската економија оставена од Зоран Заев. Од ден во ден, од месец во месец, од година во година државата е се позадолжена и фрлена на колена. Македонија станува презадолжена земја. Без капитални инвестиции, со минимален раст на БДП, а парите на граѓаните се трошат само за непродуктивни трошења, криминални тендери и богатења на функционерите на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека со новото задолжување кое е предвидено од страната на оваа криминална власт на СДСМ и ДУИ, државниот долг ќе го достигне историскиот врв од 7.8 милијарди евра.

За само 3 години оваа власт, под превезот на изгласаните кризи во државата се задолжи за неверојатни 2.3 милијарди. А, со тоа секој граѓанин за само 3 години го задолжија за нови 1.250 евра.

Кризи со кои се справивме најкатастрофално во Европа, но и во регионот. Како со здравствената, каде што најубедливо сме најлоши, така и со економската каде што имаме најмал БДП од земјите во регионот за последните 2 години.

Сега новото задолжување го оправдуваат со енергетската криза како и последиците од војната во Украина. И повторно заради лошото справување и менаџирање на кризите.

Се поголем е бројот на затворени фирми, компании и отпуштање на вработени, поради задоцнетите или нецелосните мерки од страна на оваа криминална власт.

Инфлацијата секојдневно го јаде стандардот на граѓаните, а Владата на СДСМ и ДУИ со прст не мрда да им помогне на граѓаните.

Јасно е дека оваа власт е тотално неспособна да се справи економските предизвици и за подобрување на стандардот на граѓаните.

Македонската економија е целосно уништена. Оваа неспособна и криминална власт мора да замине што поскоро, а за тоа се потребни брзи предвремени избори, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Двајца малолетници тешко повредени по пад од мотоцикл

Тешко повреден работник од Индија кој работел на автопатот Кичево – Охрид

Историска посета на индиската претседателка на Македонија: ново поглавје за извозот и трговските врски меѓу двете држави