Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Здравата, чиста и еколошка исхрана треба да стане правило, а не исклучок

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присустуваа на Фестивалот на биодиверзитет кој се одржа во Паркот на Франкофонија.

„Помошта и поддршката на локалните мали производители на храна е исклучително важна, а крајната цел е да се овозможи пристап до квалитетна и здрава прехрана, лесно достапна за сите луѓе. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник како досега, така и во иднина, ќе продолжиме со давање поддршка на корисни проекти и идеи од кои граѓаните ќе имаат вистински придобивки, а воедно ќе можат да научат повеќе околу начините за поздрава и правилна исхрана“, порача Герасимовски.

Герасимовски им се заблагодари на организаторите Слоу Фуд Водно и Слоу Фуд Македонија, затоа што неуморно наоѓаат начини за промоција и афирмација на здравиот и правилен начин на исхрана. Секој граѓанин заслужува пристап до здрава, чиста и еколошка исхрана и задачата на сите локални самоуправи е да направат сѐ што е во нивна моќ тоа да стане правило, а не исклучок.

На настанот присуствуваа и граѓани, кои имаа можност да слушнат важни информации за исхраната и уживаа во дегустацијата на приготвените кулинарски специјалитети.

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор