Утрински Весник
Македонија

Гасоводот од Грција во земјава ќе влезе меѓу Богородица и Стојаково

Гасоводот од Грција во земјава ќе влезе меѓу Богородица и Стојаково

Гевгелија,18 февруари 2020 (МИА) – Претставници на АД во државна сопственост „Национални енергетски ресурси“ денеска на состанок кај гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков презентираа дека гасоводот од Грција во нашата земја ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково.

Според проектот, гасоводот, како што беше речено, ќе минува низ територијата на општина Гевгелија кај селата Прдејци и Смоквица, а градот Гевгелија ќе биде споен со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Интерконективниот гасовод од Грција, кој ќе се вкрсти кај Неготино со гасоводот од Бугарија,беше нагласено дека има огромно значење бидејќи ќе обезбеди предуслови за поголема раширеност на гасоводната мрежа во земјата.

Беше посочено дека проектот треба да биде реализиран до крајот на оваа година,а за приклучувањето на Гевгелија во него ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа за што општина Гевгелија веќе аплицираше за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска,УНДП и Министерството за локална самоуправа. им/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна