Утрински Весник
Македонија

Почна изградбата на новиот парк во Мичурин

Почна изградбата на новиот парк во Мичурин

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Општина Аеродром деновиве ги почна активностите за изградба на новиот парк во населбата Мичурин, соопшти прес-службата на Општината.

Урбаниот парк, како истакна градоначалникот Златко Марин, ќе се гради на постојното игралиште спроти ОУ „Блаже Конески“, а ќе биде со површина од 3.573 квадратни метри. Паркот ќе понуди зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, како и место за друштвени игри за најмладите.

На оваа локација исто така ќе има и артериски бунар со цел навремено наводнување на околното зеленило.

Општина Аеродром, покрај овој парк, во наредниот период ќе изгради повеќе паркови на различни локации. Два од урбаните парка ќе бидат во Стар Аеродром, покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“, стои во соопштението. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Награди од „Литера“ за Наталија Лукомска, Живко Грозданоски, Бранислав Николов и Иванка Ниба

НБРМ: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото” кредитирање

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи