Утрински Весник
Магазин

Гал Гадот подготвува колачиња со своите ќерки

Гал Гадот подготвува колачиња со своите ќерки

Гал Гадот ужива во квалитетно време со своите деца во кујна за старата традиција на правење специјални печива во пресрет на Пурим.

36-годишната актерка изгледа целосно во свој елемент додека го обликува тестото во хаманташ (или често се нарекува хаманташен) за еврејскиот празник, кој почнува в среда, а завршува в четврток.

Празникот е познат како радосна пригода за прославување на опстанокот на еврејскиот народ, како што е напишано во еврејскиот библиски пергамент на кралицата Естера. Приказната за Естера раскажува како еден кралев советник имал план да ги уништи Евреите. Кралицата Естера, по потекло Еврејка и втора жена на кралот Ахашверош, заедно со својот роднина успева да го разоткрие планот и да го спаси еврејскиот народ.

„Пурим е еден од моите омилени празници и правењето хаманташ со моите девојчиња е дефинитивно една од моите омилени работи“, напиша таа покрај фотографиите со ќерките.

Можете да прочитате

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки

Денови на детска кариера во Diamond Mall – архитект, инженер, уметник, форензичар, пчелар, лекар и флорист – професиите на возрасните поблиску до децата