Утрински Весник
Свет

ОН: Не треба да се казнува жената која протестираше на руската телевизија

ОН: Не треба да се казнува жената која протестираше на руската телевизија

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права, Равина Шамдасани, на брифинг во Женева рече дека руските власти треба да се погрижат жените да не се соочат со одмазда поради искористување на своето право на слобода на изразување, пренесува „Ројтерс“.

Претходно денеска официјален Кремљ како хулиганство ја окарактеризира акцијата на жената која го прекина преносот во живо на информативна емисија на рускиот државен „Прв канал“ со цел да го осуди конфликтот во Украина.

Жената која упадна во програмата во живо е вработена во истата телевизија и во очигледен чин на несогласување со руската акција во Украина, вчера ја прекина главната информативна програма на тој канал со транспарент со кој ги повикува гледачите „да не веруваат во пропаганда“ и „да ја прекинат војната“ во Украина, осудувајќи ја војната.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел

Венецуелската држава Ла Гваира прогласена за зона на катастрофа