Утрински Весник
Македонија

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Штип. Ова се последните одлуки донесени од Советот на јавните обвинители.

Новиот шеф во скопското Обвинителство, Бубевски, застапуваше неколку предмети на СЈО пред судот против високи поранешни функционери. Меѓу нив се „Насилство во Општина Центар“, „Монструм“, „Титаник 3“. Обвинителот Стевчо Донев е познат по тоа што го води случајот „Тендери“, во кој е обвинета ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

На денешната седница избрани се и јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија, а таму ќе бидат Соња Симовска и Љупчо Коцевски. Во тетовското Јавно обвинителство јавен обвинител ќе биде и Бесар Алиу.

Можете да прочитате

Едно лице загина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Нападната судијката Кацарска во кафе бар во Скопје