Утрински Весник
Свет

Вучиќ за исчезнатиот Хрват: Надлежните веќе имаат скица што се случило

Вучиќ за исчезнатиот Хрват: Надлежните веќе имаат скица што се случило

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при посетата на Панчево се осврна на случајот со исчезнатиот Хрват, Матеј Периш, кој се води како исчезнат од 31 декември во Белград.

„Добив информација утрово. Чекам нови вести. Во суштина, сè уште немаме решение. Се надевам дека надлежните ќе го најдат Матеј. Тоа го сакам и за него и за неговото семејство. Нашите власти прават сè што е во нивна моќ и веќе имаат скица за тоа што се случило“, истакна Вучиќ.

Сепак, претседателот посочува дека треба многу повеќе да се работи кога е во прашање потрагата по исчезнатиот млад човек.

Медиумите потсетуваат дека Матеј Периш, младото момче од Сплит, последен пат е виден во еден белградски ноќен клуб. Во потрагата по него се вклучија и српските ватерполо-легенди.

Тој е висок 188 сантиметри, има сини очи и коса.

Полицијата беше пред клубот „Готик“, каде што последен пат е виден исчезнатиот Матеј Периш од Сплит ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Можете да прочитате

Вонреден состанок на Советот за безбедност утре поради упадот на руски авиони во Естонија

Сајбер-напад создаде хаос на неколку европски аеродроми

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго