Утрински Весник
Економија

Вработените во „Гугл“ ќе работат од дома до јули 2021 година

Вработените во „Гугл“ ќе работат од дома до јули 2021 година

Вработените во „Гугл“ ќе работат од дома најмалку до јули следната година, објави „Вол стрит журнал“.

Извршниот директор, Сундар Пичаи, ја донел одлуката лично минатата недела по состанокот меѓу директорите на компанијата.

„Гугл“ претходно планираше работниците да останат дома до крајот на 2020 година.

Новата одлука се однесува на сите околу 200.000 вработени во „Гугл“, и оние со полно работно време и за оние кои се хонорарно ангажирани.

„Вол стрит журнал“ наведува дека Пичаи сака особено да им помогне на работниците кои мора да се грижат за децата затоа што е неизвесно дали училиштата ќе бидат отворени.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Државата објави нова граѓанска обврзница но со намалена камата од претходно

Мицкоски: Се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, ќе продолжиме со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција оваа година, најави Мицкоски