Утрински Весник
Македонија

Во 12 градови веќе нема Ковид-19, од утре масовен скрининг

Во 12 градови веќе нема Ковид-19, од утре масовен скрининг

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека заклучно со денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на КОВИД-19.

Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да се задржи овој тренд.

– Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки, пишува Филипче.фф/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Активни се пет пожари на територијата на земјата

Морална одговорност во Македонија: Мислена именка, ретка птица или урбана легенда

На Табановце и Богородица се чека половина час