Утрински Весник
Спорт

Стипе Мандалиниќ нов играч на Еурофарм

Стипе Мандалиниќ нов играч на Еурофарм

Пелистер, 12 мај 2020 (МИА) – Репрезентативецот на Хрватска, Стипе Мандалиниќ е нов член на Еурофарм Пелистер, соопштија од клубот. 27-годишниот лев бек потпиша договор на две сезони.

Поранешниот играч на ППД Загреб во минатата сезона настапуваше за Фуксе Берлин.

– Добро вечер Битола, добро вечер на сите фанови на Еурофарм Пелистер, здраво за „Чкембарите“. Официјално се е готово, јас сум нов играч на РК Еурофарм Пелистер, се гледаме наскоро и тргнуваме кон освојување на титулата, изјави Стипе Мандалиниќ во видео порака од Загреб.

Хрватскиот репрезентативец ги носеше и дресовите на Карловац и Сплит.

Мандалиниќ е четврто засилување на клубот од Битола по Периќ, Кушан и Танкоски.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шевченко: Ќе се обидеме да освоиме едно од првите три места

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026