Утрински Весник
Македонија

Во Шуто Оризари уапсен малолетник за тешка кражба

Во Шуто Оризари уапсен малолетник за тешка кражба

На подрачјето на Шуто Оризари синоќа бил уапсен 17 годишен малолетник од Кочани по претходна пријава дека извршил тешка кражба во Скопје.

Во Полициското одделение Шуто Оризари во присуство на инспектори по малолетничка деликвенција и на стручен тим од ЈУМЦСР и адвокат, бил извршен разговор со малолетникот кој во целост ја појаснил постапката на извршената тешка кражба. Известен е и дежурен јавен обвинител за малолетници, од каде што е добиено известување дека малолетното лице имало претходна правосилна пресуда и треба да биде спроведено до ВПД Тетово.

По целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за случајот ,,Државна лотарија”

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници