Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 31 починат и 857 новозаразени, од 1 февруари олабавување на мерките

Во Хрватска 31 починат и 857 новозаразени, од 1 февруари олабавување на мерките
Img 5587

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 31 смртен случај и 857 новозаразени со коронавирусот, што е за пет проценти помалку од бројот на новозаразени пред околу десетина дена.

Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, бројот на активни случаи на инфекција во Хрватска денес е 3.050, од ​​кои 1.381 пациент се во болница, а 135 пациенти се на апарати за дишење.

Img 5587

Шефот на хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, рече дека на Хрватска ќе и биде тешко да ги добие ветените дози вакцина против коронавирус.

Чапак за ХРТ изјави дека „Фајзер“ го намалил бројот на дози за следните три испораки во Хрватска, пренесува „Индекс.хр“.

„Има слом на системот во кој верувавме. ЕУ стори сè за да има фер дистрибуција според бројот на жители, но ни се чини дека оваа фер дистрибуција нема да се случи“, рече Чапак.

Тој изјави дека од 1 февруари некои мерки сигурно ќе бидат ублажени.

„Разговорите сè уште се во тек, ние ќе ја подготвиме таа одлука на време. Сигурно ќе има некои отстапки”, рече Чапак.

Тој изјави дека на децата од 5. до 8. одделение ќе им биде дозволено да одат на училиште и дека интензивно се зборува да им се дозволи спорт и рекреација на отворено.

 

 

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години