Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 110 нови случаи на коронавирус, две лица починаа

Во Хрватска 110 нови случаи на коронавирус, две лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 110 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а бројот на активни случаи е 624. Меѓу нив, 121 пациент е во болница, од кои тројца се на респиратор, објави „Индекс.хр“.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 360.593 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 8.226 починале, а вкупно оздравеле 351.743 лица, од кои 80 во последните 24 часа.

Во моментов 3.479 лица се во самоизолација.

Можете да прочитате

Полицијата во Хонг Конг уапси маж поради објави за смртоносниот пожар

Турција е подготвена да направи сè што е потребно да придонесе во тековните мировни напори за Газа

Сан Диего ќе плати 30 милиони долари на семејството на тинејџер убиен од полицијата