Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 110 нови случаи на коронавирус, две лица починаа

Во Хрватска 110 нови случаи на коронавирус, две лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 110 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а бројот на активни случаи е 624. Меѓу нив, 121 пациент е во болница, од кои тројца се на респиратор, објави „Индекс.хр“.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 360.593 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 8.226 починале, а вкупно оздравеле 351.743 лица, од кои 80 во последните 24 часа.

Во моментов 3.479 лица се во самоизолација.

Можете да прочитате

Барнам: Британските интереси на прво место во односите со Трамп

Американско-рускиот екипаж се врати на Земјата по осум месеци во вселената

Русија со балистички напад врз Киев, погодена станбена зграда