Утрински Весник
Свет

Во Хрватска регистриран птичји грип

Во Хрватска регистриран птичји грип

Присуството на птичји грип, поттип Х5Н8, е регистрирано на фарма за  мисирки во областа на округот Копривница-Крижевци.

Како што е најавено, понатамошните лабораториски анализи ќе утврдат во која група на патогеност спаѓа вирусот (висок или низок патоген вирус).

Пронајдениот вирус припаѓа на поттипот Х5Н8, за кој сè уште не е утврдено дека предизвикува инфекција кај луѓето, односно дека има зоонозен потенцијал.

Фармата е ставена под надзор на ветеринарната инспекција на Државниот инспекторат и во моментов се утврдуваат понатамошни мерки на самата фарма, како и во Хрватска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено