Утрински Весник
Свет

Во Унгарија повеќе од 300 починати за еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Во Унгарија повеќе од 300 починати за еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Унгарија вчера регистрираше 6.700 нововозаразени и 302 смртни случаи поврзани со коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Унгарија има 10 милиони жители, а веќе неколку дена има најмногу починати на ден по глава на жител во светот, соопшти Универзитетот „Џонс Хопкинс“, пренесува „Ројтерс“.

Здравствениот систем е под силен притисок, предупреди владата, и покрај вакцинациите кои веќе опфаќаат една петтина од населението, со што земјата се најде меѓу најбрзите во Европа.

Во болниците има 12.000 луѓе , од кои 1.492 се приклучени на апарати за дишење.

 

Можете да прочитате

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години