Утрински Весник
Македонија

Во струшки минибус затекнати мигранти од Индија

Во струшки минибус затекнати мигранти од Индија

Тројца мигранти од Индија биле забележани вчера при контрола во минибус со струшки регистарски ознаки, на автопатот Тетово-Скопје.

„При контролата, во минибусот биле затекнати Е.Н.(25), Д.К.(36) и М.С.(25), сите од Индија. Тие биле приведени затоа што оствариле илегален влез во Република Северна Македонија. На лицата им била изречена соодветна санкција и мерка протерување на странец од земјата со забрана за повторно влегување“, соопшти МВР во дневниот билтен.

Можете да прочитате

Николоски на увид на автопатот Охрид-Кичево

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Скопјанка пријавила во полиција: Ме натепаа сопругот и золвата