Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Словенија 14 нови случаи на коронавирус

Во Словенија 14 нови случаи на коронавирус
300x250 opst2

Во Словенија, во последните 24 часа, се потврдени 14 нови случаи на коронавирус од направени 919 тестови. Не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, објави словенечката влада.

Ова е ист број на пациенти како претходниот ден кога се регистрирани 14 случаи на 874 тестови и еден смртен случај.

Во моментов во Словенија на лекување се 21 пациент, што е за четири повеќе од претходниот ден, а тројца се на интензивна нега, соопшти Министерството за здравство.

Нови случаи во последните 24 часа се откриени во 13 различни општини.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се потврдени 2.115 случаи на коронавирус, во моментов има 237 активни случаи, а 117 лица починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари