Утрински Весник
Македонија

По судир на две возила, прегазен пешак и удрено паркирано возило

По судир на две возила, прегазен пешак и удрено паркирано возило

На бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу „ауди“ и „пежо“. При незгодата, „пежо-то“ удрило во пешакот Х.Е.(43) од Скопје и паркирано товарно возило „мерцедес“, кое се придвижило и удрило во бандера.

По незгодата, С.С., Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“, биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Клековски: И натаму има 250 до 300 нови случаи дневно во Гостивар, анализите на водата готови утре

СДСМ: ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, а сега бара уште 6 години за Охрид

ИЈЗ со важни препораки за граѓаните на Гостивар