Утрински Весник
Свет

Во Словенија опаѓа бројот на починати од Ковид-19, но болниците се преполни

Во Словенија опаѓа бројот на починати од Ковид-19, но болниците се преполни

Во Словенија 15 лица починале во последните 24 часа како резултат на Kовид-19, а потврдени се уште 398 новозаразени, што е значително помалку од 807, колку штo беа претходниот ден, но со значително помалку тестирања бидејќи во вторникот беше државен празник и неработен ден во Словенија.

„Во целиот свет, но и во Словенија, пандемијата е активна и сè уште трае“, предупреди епидемиологот Ева Грилц од Националниот институт за јавно здравје на владината прес-конференција. Според неа, од една страна, добро е што инциденцата на зараза во Словенија благо се намалува и бројот на смртни случаи е значително намален, а состојбата во болниците е полоша бидејќи нивото на хоспитализации останува високо и е меѓу највисоките во Европската Унија.

Во Словенија се потврдени 398 нови случаи на зараза во последните 24 часа од вкупно 2.007 ПЦР-теста, односно 19,8 проценти од позитивните резултати во однос на вкупниот тестиран број. Има 9.250 активни случаи и 14-дневната инциденција изнесува 437. Просечниот број на дневни инфекции во последните седум дена е 606, со 621 пациент се во болници, од кои 155 се на единиците за интензивна нега, соопшти Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале